Дрон удри во преполна плажа во јужна Русија, при што загинаа седум лица, меѓу кои и три деца, соопштија локалните власти.
На снимките од социјалните мрежи, потврдени од Би-Би-Си, може да се види како дрон се движи кон карпа пред да се сруши во огнена топка на плажата подолу, додека туристите гледаат од брегот и во водата.
Вкупниот број на повредени достигна 40, а 17 лица се однесени во болница, изјави гувернерот на регионот Краснодар, Венијамин Кондратјев.
Тој ја обвини Украина за „намерен напад врз цивили“. Украина не даде коментар. Двете страни негираат дека намерно ги таргетирале цивилите.
Не е јасно што целел дронот. Некои украински канали на Телеграм тврдат дека се урнал на плажата како резултат на електронско војување кое го попречило сигналот на дронот. Руските медиуми цитираа неколку очевидци кои велат дека на експлозијата ѝ претходела пукотница, што укажува дека воздушната одбрана можеби се обидела да го собори дронот.
Падот се случил на плажа во близина на селото Архипо-Осиповка на Црното Море. Со својата топла клима, долги плажи и развиена туристичка инфраструктура, тоа е популарна дестинација за одмор за Русите, особено затоа што санкциите ги ограничија меѓународните патувања за многумина.
Туристите и жителите на Архипо-Осиповка за локалните медиуми изјавија дека не се огласиле сирени пред нападот со беспилотно летало.
„Се покривме со лежалки и не видовме каде експлодираше“, рече еден турист. Друго лице рече дека иако не го виделе дронот погоден, можеле да слушнат „пукотници, како митралез“ проследени со експлозија.
Б.С.

Дрон удри во плажа во јужна Русија, при што загинаа седум лица, меѓу кои и три деца, соопштија локалните власти. 40 се повредени од кои 17 лица се хоспитализирани. На снимки од социјалните мрежи, потврдени од Би-Би-Си, може да се види како дрон се движи кон карпа пред да се урне и експлодира на плажата… Продолжи со читање











