Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Седум лица загинаа, а 40 се повредени при удар на украински дрон на плажа, соопштија руските власти

/

Свет

Сподели преку :

Дрон удри во  плажа во јужна Русија, при што загинаа седум лица, меѓу кои и три деца, соопштија локалните власти. 40 се повредени од кои 17 лица се хоспитализирани.

На снимки од социјалните мрежи, потврдени од Би-Би-Си, може да се види како дрон се движи кон карпа пред да се урне и експлодира на плажата додека граѓани гледаат од брегот и во водата.

Гувернерот на регионот Краснодар, Венијамин Кондратјев,  ја обвини Украина за „намерен напад врз цивили“.

Украина не даде коментар. Двете страни негираат дека намерно ги таргетирале цивилите.