Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Лажел дека мајка му е кај роднини во Лондон, а ја чувал во фрижидер во дневната поради пензијата – Британец осуден на две години и четири месеци затвор

/

Свет

Сподели преку :

Шеесетгодишниот Британец Кристофер Филипс е осуден на затворска казна од две години и четири месеци, бидејќи телото на неговата мајка со години го чувал во фрижидер за да ја прима нејзината пензија, пренесуваат медиумите на Островот.

Телото на мајка му, инаку пензионирана секретарка во една компанија, го чувал во фрижидер во нивниот заеднички дом речиси три години, период во кој примил повеќе од 78.000 фунти.

Врз фрижидерот што се наоѓал во дневната соба редовно ставал цвеќе. При пристигнала полицијата да провери како е мајка му, рекол дека е во Лондон, но полицајците, сепак, го пронашле телото, откако го виделе цвеќето врз фрижидерот.

На полицајците им станал сомнителен, бидејќи не сакал да каже кај кои роднини во Лондон е мајка му, ниту каде живеат. Филипс, поранешен директор на компанија, имал пристап до банкарската сметка на неговата мајка, подигнувал пари од нејзината заштеда и користел бенефиции.

Двајцата живееле заедно 50 години, а Филипс од 2008 година бил главен стгарател на мајка му.

Филипс се изјасни за виновен за спречување на достоинствен и законски погреб, како и по две точки од обвинението за измама. пренесува „Гардијан“.