Романија минира дел од Дунав, Унгарија гаси нуклеарни централи. Сушата и рекордно нискиот водостој на реката предизвикаа проблеми во енергетскиот сектор во повеќе држави.
Во Романија армијата започна операција на минирање на карпа во коритото на Дунав за да може да го пренасочи текот на реката кон нуклеарната централа Чернавода и да обезбеди повеќе вода за ладење на реакторите за да може да продолжи производството. Во операцијата учествувале повеќе од 100 војници.
Од друга страна Унгарија првпат по 44 години ја исклучи нуклеарната централа Пакш и со тоа изгуби 40 отсто од електричната енергија. Оваа централа е столбот во енергетскиот сектор на државата.
Нискиот водостој е проблем и за Бугарија, но засега централата Козлодуј работи нормално.
Со проблеми во енергетиката се соочува и Србија. Таму хидроелектраната Ѓердап никогаш не испорачала толку мало производство на струја. Од друга страна, пак, топлото време значително ја зголеми потрошувачката на струја. Ниското ниво го ограничи и товарниот транспорт.












