Во самоубиствен напад пред полициска станица во северозападен Пакистан загинаа најмалку 14 луѓе од кои пет полицајци и осум цивили, како и бомбашот-самоубиец. Инцидентот се случил на подрачјето Кабал, во покраината Хајбер Пахтунхва, при што се повредени над 20 луѓе.
Насилството на бунтовниците во пограничните области на Пакистан нагло се зголеми изминатите месеци, а армијата и полицијата се главни цели на нападите. Пакистанската влада за ескалацијата на насилството ги обвинува авганистанските талибанци, кои ги поддржуваат пакистанските милитантни групи. Талибанската влада во Авганистан негира каква било вмешаност.












