Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Захариев за случајот со родилката во Штип: Ќе се формира стручен тим, ако се утврди лекарска грешка ќе има одговорност

/

Македонија

Сподели преку :

Директорот на Клиничка болница Штип, Владко Захариев денеска се огласи во врска со случајот на деветнаесетгодишна родилка Станка Михајлова која остана во инвалидска количка по породување со царски рез во Штип. Тој порачува дека постоперативниот тек бил уреден и пациентката била испишана во добра општа состојба.

По извесен период таа се јавила во регионалната болница со изразена слабост на долните екстремитети и подоцна и била утврдена промена во спиналниот канал на високо торакално ниво.

Захариев смета дека нејзината состојба не може да се поврзе со апликацијата на спинална анестезија при царскиот рез.

Директорот најавува и формирање на стручен тим, и ако се утврди лекарска грешка ќе има одговорност од персоналот и од него.

Министерството за здравство издаде налог за вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде што се лекувала Михајлова, која е мајка на две малолетни деца. Нејзиното семејство обвинува за лекарска грешка.

Деветнаесетгодишна родилка остана во инвалидска количка по породување во Штип – семејството бара да ја кренат на нозе, министерството за здравство испраќа инспекција за случајот

Министерството за здравство (МЗ) издаде налог до Државниот санитарен и здравствен инспекторат за вонреден инспекциски надзор во сите здравствени установи каде што се лекувала 19-годишната Станка Михајлова од струмичкото село Баница, која по породување со царски рез во Клиничката болница во Штип остана неподвижна и заврши во инвалидска количка. Нејзиниот свекор деновиве преку видео на… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2