Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Експлодира рачна бомба што ја носела жена која стоела пред ресторан, има починати и повредени

/

Свет

Сподели преку :

Три лица загинаа, а 21 се повредени во експлозија што синоќа се случи во ресторан во центарот на Москва.

Иако првичните информации на социјалните мрежи упатуваа на истекување на гас, руските истражители соопштија дека експлозијата била предизвикана од експлозивна направа.

Според руската државна агенција ТАСС, повикувајќи се на Националниот антитерористички комитет, жена се обидела да внесе експлозивна направа во ресторанот, но била запрена од обезбедувањето. Во експлозијата загинале жената, обезбедувачот и еден гостин. Мотивите се уште не се соопштуваат. Додека медиумите известуваат дека во ресторанот требало да има приватна прослава на руски генерал.