Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Филипче: Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина

/

Македонија

Сподели преку :

Лидерот на СДСМ Венко Филипче по повод празникот Илинден денес од Крушево упати честитка до граѓаните во која вели дека Македонија не смее да биде држава во која младите заминуваат, во која пензионерите едвај преживуваат, во која водата за пиење е опасна, а институциите служат на тесен круг луѓе. Според него сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина.

  • Нивната жртва не беше за изолација. Не беше за страв. Не беше за поделби. Тие се бореа за слобода, за правда и за правото на овој народ сам да ја одлучува својата судбина. Денес, повеќе од еден век подоцна, имаме должност да го продолжиме токму тој пат. Македонија не смее да остане заробена во минатото. Не смее да биде држава во која младите заминуваат, во која пензионерите едвај преживуваат, во која водата за пиење е опасна, а институциите служат на тесен круг луѓе. Сеќавањето на Илинден има вистинска вредност само ако ни служи да градиме подобра иднина. Затоа ние се бориме за Македонија во која владее правото, а не партискиот интерес. За Македонија во која има чиста вода, достоинствени плати и перспектива за младите. За Македонија која е дел од европското семејство – слободна, демократска и просперитетна. Илинденците се бореа против тиранијата на своето време. Денес нашата борба е против корупцијата, против изолацијата и против лажниот патриотизам што ја држи државата во место. Ние се сеќаваме на минатото. Но ја избираме иднината. За многу години Илинден! Да живее Македонија, стои во честитката на Филипче.
Jumbo 2