Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Хоспитализирани тројца нови сомнителни пациенти на западно-нилска треска, се чекаат конечните резултати

/

Македонија

Сподели преку :

Во изминатото деноноќие на Клиникта за инфективни болести се хоспитализирани нови тројца пациенти со воспаление на мозокот кои се сомнителни на западно нилска треска, но за нив се очекуваат конечните резултати, бидејки се уште нема лабораториски потврди за видот, т.е. причинителот за ваквата состојба.

Пациентите се на возраст над 60 години и сите се од Скопје. Според информациите од клиниката останатите 10 хоспитализирани граѓани и натаму се лекуваат во болницата. . Тројца од нив се во критична здравствена состојба на одделот за интензивно лекување, а останатите се на одделот за невроинфекции.

Половина од заболените од западнонилска треска се од Драчево

Заклучно со 30 јули, во државата се потврдени вкупно 13 случаи на западнонилска треска. 12 се од Скопје и 1 од Велес. Епидемиолозите со апел до граѓаните да ги почитуваат мерките за лична заштита, да избегнуваат да излегуваат надвор кога комарците се најактивни, да се користат репеленти  и при првите евентуални симптоми веднаш да се јават… Продолжи со читање

telma.com.mk

Jumbo 2