Српскиот претседател Александар Вучиќ во гостување на ТВ Ниш изјави дека земјата се соочува со проблеми поради екстремните температури и нискиот водостој на Дунав, предупредувајќи дека натамошен пад на нивото на водата на реката би можело да предизвика големи потешкотии.
„Ако се спушти уште 30 сантиметри, готови сме. Во земјите со нуклеарни електрани кои се зависни од водостојот, проблемот е уште поголем. Во секој случај, проблемите се безброј, а најголеми се во Војводина, пред сè затоа што таму не врнеше дожд. Жив се изедов поради тоа. Во другите делови на земјата нема такви проблеми, само во Војводина, посебно во делов на Банат“, рече Вучиќ.
Додаде дека Србија ја очекуваат „10 дена пекол“ и предупреди на рекордна потрошувачка на електрична енергија.
„Сега доаѓа најлошото време, 10 дена пекол. И не заборавјате дека сега трошиме многу струја, како да е Свети Никола. Сите станавме размазени, никој не сака да го исклуччи клима уредот“, порача српскиот претседател.












