Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бездомник во куфер во Атина пронајде тело на британска туристка

/

Свет

Сподели преку :

Тело на 38-годишна британска туристка е пронајдено во куфер во напуштена зграда во атинската населба Кипсели, откако бездомник ја известил полицијата за сомнителниот багаж, објави грчкиот медиум „Екатимерини“.

Жртвата е идентификувана како Елизабет Џејн Рос од Шкотска, која во Грција пристигнала на 29 јуни, а последен пат била видена на 15 јули.

Според првичните информации од истрагата, форензичарите не пронашле видливи повреди или траги од борба на телото, а точната причина за смртта ќе биде утврдена по завршувањето на токсиколошките анализи.

Истражителите наведуваат дека жената најверојатно починала пет до седум дена пред нејзиното тело да биде откриено.

Грчката полиција, во соработка со Интерпол, британските и кипарските власти, ја продолжува истрагата за околностите на случајот.

Се проверува нејзиното движење пред исчезнувањето, како и дали патувала сама во Грција.

Британското Министерство за надворешни работи потврди дека обезбедува конзуларна помош за семејството на починатата.