Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Деветмина, од кои четворица тинејџери се повредени во сообраќајна несреќа на патот Градско – Прилеп

/

Македонија

Сподели преку :

Жена и маж се потешко повредени и префрлени на скопските клиники по сообраќајната несреќа што се случи на  експресниот пат Градско – Прилеп, а во која се повредени  девет лица кои патувале со две возила.

На болничко лекување во Велес се задржани седуммина пациенти.

Несреќата се случила вчера при судир на патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 44-годишната А. Д. од Битола и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д. Ѓ. (48) од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот на патничкото возило „хјундаи“ и О.Г.(45) од Скопје, сопатничка во истото возило, а со телесни повреди се здобиле С.Д.(50) и С.П.П.(42), двете од Скопје, сопатнички во патничкото возило „хјундаи“, како и возачот на патничкото возило „ауди“ и сопатниците во неговото возило, М.Д.(18), А.М.(18) и двајца 17-годишници, сите од Битола, констатирани во Општа болница Велес. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес.

 

 

Jumbo 2