Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Двајца од седумте хоспитализирани со западнонилска треска се во критична состојба

/

Македонија

Сподели преку :

Двајца пациенти на возраст од 76 и 66 години од седумте хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, се во критична состојба и се на механичка вентилација на одделот за интензивно лекување, изјави попладнево директорот на Клиниката, Фадил Цана.

Според Цана, состојбата се влошила кај 66 годишниот пациент кој денеска е интубиран. Тој не патувал надвор од земјата, но имал и други коморбидитети.

Цана рече дека дополнително за уште кај тројца пациенти, кои се примени со дијагноза акутно заболување на мозокот и мозочната обвивка, во текот на денов се чекаат лабораториските резултати од Институтот за јавно здравје.

 

Jumbo 2