Уапсен е градоначалникот на грчкиот остров Парос како и четири лица, меѓу кои и градоначалникот и неговиот заменик по пожарот, што во вторникот избувна во депонија и брзо се прошири на голема површина, а беше изгаснат по над 24 часа.
Државната телевизија ЕРТ објави фотографија од просторот каде што е депонијата, на која се гледа куп отпад, а пожарот оттаму се прошири на соседна површина со ниска вегетација.
Во рамките на истрагата за причините и околностите под кои избувна пожарот спроведена од Одделот за истражување на кривични дела поврзани со подметнување пожари беа уапсени четири лица, изречена им е административна парична казна во вкупен износ од 8.437,50 евра, а во текот на денешниот ден се очекува да бидат изведени пред јавен обвинител.
Освен градоначалникот и неговиот заменик, кој е надлежен за комунална хигиена на островот, уапсени се и изведувачот на работите на претпријатието за управување со отпад, како и општински службеник, возач на камион за собирање отпад.

Шумски пожар на грчкиот остров Парос повторно се разгоре во текот на ноќта и се прошири низ јужниот и југоисточниот дел на островот. Пожарникарите веќе втор ден се борат со повеќе огнени фронтови, а властите наредија евакуација на жители и туристи од десет области, објави „Јуроњуз“. #paros pic.twitter.com/09d8uTVMDu — Pierre james (@Pierrej76571631) July 28, 2026… Продолжи со читање











