Јапонската полиција уапси музичар од Кјото под сомнение дека повеќе од седум години ги вознемирувал соседите со гласно свирење на гитара и пуштање музика.
Шеесет и едногодишниот Казунори Јокои наводно од 2019 година свирел на десетина гитари и пуштал радио и гласна музика со што, според наводите на полицијата, го нарушувал сонот и здравкето на своите соседи, пренесува „Тајмс оф Јапан“.
Три лица на возраст од 60 до 80 години пријавиле дека пателе од несоница и депресија поради бучавата, додека едно лице пријавило дека развило зуење во ушите.
Полицијата соопшти дека претходните предупредувања не го промениле однесувањето на Јокои, но дека четворица соседи поднеле доволно докази за негово апсење под обвинение за напад. За време на претресот во неговиот стан, полицијата запленила повеќе од 40 гитари од кои најголем дел електрични, како и ЦД плеери, појачала и радио касетофони, а истражителите измериле ниво на бучава над 80 децибели во околината на неговата куќа.












