Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Затвор до 15 години и парична казна до 150.000 евра – 23-годишен маж во Франција се соочува со обвинение за повеќе намерно предизвикани пожари

/

Свет

Сподели преку :

Дваесет и тригодишен маж е обвинет за серија намерно предизвикани пожари во департманот Вар, на југот на Франција, соопшти обвинителството во Драгињан. Пожарот кај Гро Бесијон, во департманот Вар, сè уште не е ставен под контрола, пренесува телевизијата БФМ.

Дваесет и тригодишниот маж е обвинет за повеќе намерно предизвикани пожари во местата Брињол, Кабас и Ван-сир-Карами, соопшти заменичката обвинителка во Драгињан, Лоранс Барикан. Осомничениот е уапсен „по опсежна истрага“ за дела сторени меѓу 19 и 24 јули. По апсењето бил задржан во полициски притвор, а потоа изведен пред истражен судија. Против него е покрената истрага за кривично дело уништување со пожар на шуми, шумски подрачја, пасишта или засади што му припаѓаат на друго лице, при што е нанесена неповратна штета на животната средина. Одреден му е притвор до судењето.

Заменичката обвинителка потсети дека станува збор за кривично дело за кое му се заканува казна затвор до 15 години и парична казна до 150.000 евра. Барикан наведе дека во тек се и други истраги во врска со дополнителни пожари.

Нови жаришта се регистрирани, меѓу другото, во местата Баржол и Корен. Противпожарните екипи моментално работат на санација на 160 километри од работ на жариштето, а во гаснењето учествуваат два хеликоптера, два тешки хеликоптери од типот „Пума“ и околу 1.000 пожарникари.