Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Веднаш прекинете ја трговијата со Израел и воведете ембарго за оружје – специјалната известувачка на ОН за палестинските територии со порака до државите

/

Свет

Сподели преку :

Специјалната известувачка на Обединетите Нации за окупираните палестински територии Франческа Албанезе повторно ги повика државите да ја прекинат трговската размена со Израел и да воведат ембарго на испораките на оружје.

„Веднаш прекинете ја трговската размена со Израел. Веднаш воведете ембарго на оружје“, изјави Албанезе.

Нејзината порака доаѓа по изјавата на поранешниот израелски амбасадор во Франција кој ја повика јавноста да признае дека во израелската влада постојат „геноцидаши“.

„Мораме да се соочиме со фактите, во израелската влада има луѓе кои заговараат геноцид. Тоа не е тешко да се каже, бидејќи тие јавно го повторуваат тоа секој ден. Самите кажуваат: сакаме се да убиеме, сакаме се да уништиме. Тоа се геноцидни изјави, а војската извршува работи кои во најмала рака може да се опишат како масовни воени злосторства и злосторства против човештвото“, рече Ели Барнави, историчар и поранешен амбасадор на Израел во Франција.

Албанезе на тоа се надоврза со апелот дека „никогаш не е предоцна да се реагира“.