Повеќе луѓе загинаа во уривање на трговски центар по земјотресот со магнитуда од 7,1 степени што го погоди островот Кјушу, пренесува ТВ Асахи, повикувајќи се на полициски извори. Претходно беше објавено дека итните служби не успеале да воспостават контакт со 20 до 30 вработени во трговскиот центар.
Еон Мол е делумно уништен во експлозија по земјотресот. Трговскиот и забавен комплекс беше повторно отворен минатиот месец по обновата од смртоносниот земјотрес што го зафати подрачјето пред 10 години.
Расте и бројот на повредени. Една од болниците објави дека примила над 50 лица кои побарале медицинска помош, друга, пак, информира за околу 40.
Преку 40.000 домаќинства останаа без струја. Жителите на градот Хикава пријавија, што се наоѓа на 25 километри јужно од Кумамото, пријавија прекини во снабдување со електрична енергија и вода.
