Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска се сретна со новиот британски премиер Енди Бурнам во поморската база во Портсмут, при неговата прва официјална посета на Обединетото Кралство по стапувањето на Бурнам на функцијата.
Зеленски изрази благодарност за силното партнерство и нагласи дека односите меѓу двете земји се посилни од кога било до сега.
Бурнам порача дека промената на владата нема да значи промена во британската политика кон Украина. Тој истакна дека поддршката за Киев е широка и надпартиска, додавајќи дека Велика Британија ќе продолжи да стои покрај Украина сè до постигнување праведен и траен мир.
За време на посетата, двајцата лидери се сретнаа со украински војници кои се обучуваат во Велика Британија.
Лондон најави и дека ќе ѝ ја отстапи на Украина интелектуалната сопственост за новиот систем за електронско војување „Stone Cloak“, наменет за попречување на руската противвоздушна одбрана и заштита на украинските дронови.
Зеленски предупреди и дека заканите за пловидбата во Црното Море и Ормускиот Теснец имаат сериозни последици врз глобалната безбедност и трговија.
