Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ во саботата ѝ одреди притвор до 30 дена на државјанката на Северна Македонија, Сашка Стојановски (43), поради основано сомнение дека еден ден претходно сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште, дознава „Вијести“.
Претходно, Основното државно обвинителство (ОДТ) во Улцињ ѝ одреди притвор до 72 часа и поднесе предлог до Основниот суд во Улцињ за притвор поради сомнение дека сторила кривично дело, односно, како што соопшти таа институција, го прегазила и убила кучето на својот сопственик од расата „Шарпланинец“ во близина на булеварот Теута со патничко возило од марката „Мерцедес“.
- „На 25.07.2026 година, истражниот судија на Основниот суд во Улцињ одреди притвор до 30 дена за осомничената С.С. (43) од Скопјe, поради постоење на основано сомнение дека сторила кривично дело убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште по член 309 став 1 од Кривичниот законик на Црна Гора.
Притвор од 72 часа за македонската државјанка која прегази куче во Црна Гора
Имено, осомничената со возило прегазила и убила куче од расата Шарпланинац, а „притворот ѝ е одреден врз основа на член 448 став 1 точка 1 од Законот за кривична постапка поради постоење на околности што јасно укажуваат на ризик дека, доколку биде ослободена, осомничената би можела да избега и со тоа да го попречи понатамошниот тек на постапката“, информираат од Одделот за односи со јавноста на Основниот суд во Улцињ.
Македонска државјанка е уапсена во петок, 24 јули, попладне, додека се обидувала да избега од Црна Гора.
