Вести Македонија Најважни

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Гостиварски „Комуналец“ реагира. Телма и другите медиуми да објавуваат прилози за состојбата со реализацијата на проектот „Водоснабдување на Гостивар II – SECO II“, но да проверува факти. Вината дека проектот, кој чинел повеќе од 7 милиони евра, не е функционален ја префрлаат на јавното претпријатие „Државни патишта“. Проблем биле 600 метри од трасата кои требало да се поврзат, но за тоа било неопходна согласност од ЈПДП која ја побарале уште пред две години. 

„Јавната и медиумската проверка на проект од вакво значење е неопходна. Но, оценката дека проектот во целина „пропаднал“ не може да се изведе без увид во одобрениот проектен опфат, договорите, изведените и тестираните работи, документацијата за примопредавање и причините поради кои одредени делови сè уште не се целосно оперативни. Токму овие факти се неопходни за јавноста да добие точен одговор што е реализирано, што останува да се заврши и кој е надлежен за секој од преостанатите чекори“, ЈП „Комуналец“ од Гостивар.

Од државното претпријатие за патишта низ земјава велат дека барањето било поднесено пред две години, но дека „Комуналец“ не си ги платил трошоците за одобрување. Се работи за 16.000 денари и икао комуналното било известено дека треба да плати, никогаш не го сторило тоа.

Од претпријатието, пак, велат дека се подготвени на надлежните институции, ревизорските тела и истражните органи да им ја стави на располагање документацијата со која располагаат. Денеска и Телма побара да направи увид во документацијата, но дозвола засега нема. Новиот в.д. директор Алмир Даути побара неколку денови време да се позиционира на новата функција. Тој од денеска раководи со „Комуналец“ откако претходната директорка беше суспендирана од градоначалникот, а таа заврши во притвор како осомничена за епидемијата која го зафати Гостивар од загадената со фекалии вода.

Вчера Телма објави дека од швајцарскиот државен секретаријат „Секо“ финансирал најголем дел од проектот за подобрување на водоснабдителниот систем, но и покрај тоа, гостиварци постојано се соочуваат со проблеми со притисокот на водата. Извори од „Комуналец“ тврдат дека дел од проектот воопшто не е реализиран додека дел и покрај тоа што е изграден не функционира.

Денеска од „Комуналец“ повикаа доколку постои сомневање за пропуст, неизвршена обврска или ненаменско трошење пари да одговора секој учесник во проектот кој го сторил тоа.

Билјана Николовска Тодорова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алмир Даути е нов в.д. директор на гостиварски „Комуналец“

Sonja Petrusevska

Претседателот на Стоматолошкото друштво на Албанците осомничен за примање награда за да ѝ положи испит на уапсена во истрагата за ботоксите

Sasko Dimovski

Кривични за семејно насилство – еден син ја влечел мајка му со кола, а друг со тупаници и барал пари – обвинителството бара мерки за претпазливост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе