Вести Македонија

(Видео) Стоиљковиќ бара санкции за скрнавењето на „КУД Српски вез“ со натписи УЧК

Претседателот на „Демократската партија на Србите во Македонија“, Иван Стоиљковиќ на својот фејсбук профил објави видео за кое вели дека покажува скрнавење со натписи УЧК на просториите  на  фолклорното друштво „КУД Српски вез“. Стоиљковиќ бара од државата овој чин најстрого да го санкционира.

  • Ксенофобијата со примеси на шовинизам константно присутна во јавноста, посебно изразена последниве две години од учеството на ДПСМ во Владата, пропратено со незаслуженот молк на јавноста почнува да дава видливи резултати кои се многу поголеми од вандализмот на оваа дивљачка хорда, чие насилничко, деструктивно и нецивилизирано однесување врз имотот и просториите каде со фолклор (КУД Српски вез) се занимаваат повеќе од 200 деца и скрнавењето со натписи УЧК кое и државата и јавноста би требало најстрого да го санкционира. За политиките кои го потикнуваат ваквото однесување во некоја друга прилика. Никој нема да биде изоставен, пишува Стоиљковиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бензините поскапуваат за три денари, дизелот за 4,5 денари – нови, повисоки, цени на горивата од полноќ

Sasko Dimovski

Бугарија ја зајакна безбедноста во воздушниот простор и околу воената база во Безмер, по новото предупредување од Иран

Sonja Petrusevska

Дел од екипажот со вртоглавица и гадење, бил пријавен необичен мирис – авион на „Американ Ерлајнс“ принудно слета во Даблин

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе