Авион на „Американ Ерлајнс“ од Рим кон Филаделфија принудно слета во Даблин, откако поголемиот дел од членовите на екипажот се пожалиле на гадење и вртоглавица.
Според неофицијални информации, шест од деветте членови на екипаж имале здравствени проблеми. Тие наводно се пожалиле на вртоглавица и општа слабост. Во изјава за „Симпл Флајинг“, авиокомпанијата наведува дека бил пријавен „необичен мирис во авионот“ и вели дека авионот бил пречекан од болничари, додавајќи дека бил прегледан и еден патник.
Патниците биле пренасочени кон други летови, додека авионот е во Даблин за инспекција.
