Вести Свет

(Видео/Фото)Шумски пожари во Шпанија: Прогласена национална вонредна состојба

Околу 29.000 луѓе се евакуирани во централна Шпанија, додека владата прогласи национална вонредна состојба првпат во историјата поради пожарите и ја презеде координацијата на сите противпожарни служби.

Најтешка е ситуацијата во Автономната заедница Мадрид, каде што се евакуирани околу 27.000 луѓе, и во покраината Авила, од која се евакуирани повеќе од 1.600 жители, јавува RTVE.

Во Авила, пожарот во Бургохондо уништи и камп сместен среде шума, при што остана да стои едвај една приколка. Во меѓувреме, воените единици за итни интервенции  продолжуваат да работат на гаснење на пожарот во руралните области и во домовите зафатени од огнената стихија.

Во југозападниот дел на Автономната заедница Мадрид, два големи пожари што избувнаа во Сан Мартин де Валдеиглесијас и Вила дел Прадо се споија, што предизвика бројни населби да бидат евакуирани или ставени во изолација.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Николовски во Телма интервју: Сите нови вработени кои се помлади од 40 години се вклучуваат во вториот пензиски столб

Kristina Kuzmanovski

(видео)Бура ја погоди Атина, небото се отвори, дожд и грмежи и на Халкидики, на Олимп силен град ја прекри планината во бело

Дејан Дејан

Бела пена се влева од Лепенец во Вардар, со дрон се бараат виновниците

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе