Вести Македонија Топ вести

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Ниту Стандардите, ниту регулативата и процедурите биле почитувано при реконструкцијата и пренамена на објектот во кој ќе биде сместена дискотеката „Пулс”, покажало вештачењето на градежниот факултетет по пожарот во кочанската дискотека во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Градежното вештачење за жал покажа недвосмислено дека во „Пулс“, системот, односно институциите и поединците целосни не функционирале. Не биле почитувани ниту стандардите, ниту регулативата, ниту процедурите. Оние процедури кои треба да обезбедат почитување на стандарди и регулативи. Или едноставно не било почитувано ништо, вели Горан Марковски, професор на Градежен факултет при УКИМ.

Тој на денешното рочиште додаде дека вештачењето покажало дека воопшто не се внимавало на безбедноста на посетителите на дискотеката.
Телоп- Горан Марковски, професор на Градежен факултет при УКИМ

При пожарот во „Пулс“ многу брзо е дојдено до уривање на дел од кровната конструкција што покажува дека воопшто не е водено сметка. Да се корегирам, можеби за индустрија кога била конструирана да, но за дискотека не, додава Марковски.

Градбата на објектот, според него, не овозможувала и при случај на пожар лицата неповредени да може да го напуштат објектот, а немало ни лесен пристап за спасувачките тимови. Заклучокот е дека објектот воопшто немал некаква заштита од пожари. На парашње на обвинитлеството дали при вештачењето нашле било каков детал во насока на зголемување на безбедноста на посетителите на дискотеката, Марковски изјави за жал не.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

СДСМ не ја прифати поканата на Левица за состанок за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Распишана меѓународна потерница по Александар Лазаров, кој избега преку прозорец од кочанската Полициска станица

Kristina Kuzmanovski

Еди Рама: Ниту ќе даваме пасоши на Албанците во Македонија ниту ќе ставаме вето кога ќе станеме членка на ЕУ

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе