Вести Македонија Топ вести

Артан Груби се уште не е сослушан во истрагата за Лотарија

Поранешниот вицепремиер Артан Груби кој е соомничен и во домашен притвор во рамки на истрагата за злоупотреби во Државна Лотарија се уште не е распитан и не дал исказ пред обвинител во постапката.

Ова го потврди и државниот обвинител Ненад Савески на денешниот брифинг со новинарите на кој рече дека секој обвинител работи согласно свој истражен план и одлучува кога ќе ги испита осомничените.

Во тек се истражни дејствија во случајот и обвинителот по завршување на прибирањето на доказите ќе одлучи кога и дали ќе биде распитан осомничениот, објасни Савески.

Груби веќе 4-ти месец е во домашен притвор под полицицска заштита поради тоа што беше проценето дека безбедноста му е загрозена.

Претходно 14 месеци беше во бегство и сам се врати на граничниот премин Блаце на 23-ти февруари. Иако со определмн затворски притвор, помина само три часа во Шутка и беше сменета одлуката.

Груби заедно со екс директорот на Лотарија Перпарим Бајрами е осомничен за проневера во службата при јавна набавка на ВЛТ апарати вредни над 8 милиони евра и злоупотреби при одлучување за Лотарија.

Продолжен домашниот притвор на Артан Груби

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Шестотини тони мазут позајмени пред осум години на Армијата од задолжителните резерви, сè уште не се вратени – извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Одреден 30-дневен притвор за тројцата осомничени за загадената вода во Гостивар – мерката ќе ја издржуваат во затворот во Шутка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе