Вести Свет

Со ковид пасошот во ЕУ земјите од 1 јули

Дигиталниот сертификат за ковид кој ќе треба да го олесни патувањето во земјите од ЕУ доби зелено светло од европратениците. Целта е преку туризмот да ја крене на нозе веќе колабираната економија во цела Европа. Пасошот ќе биде достапен во дигитален или хартиен формат и ќе содржи QR-код. Тој ќе потврдува три параметри кои ќе му овозможат на туристот непречено да се движи, без да оди во карантин.

КјуАр кодот содржи три многу важни параметри. Прво, гарантира дека патникот има целосен имунитет добиен со две дози вакцина или една доза од Јенсен, и кажува дека е целосно имунизиран. Второ, ако патникот ја прележал инфекцијата, тогаш има одржлив имунитет. И во случај да ги немате и двата параметри, ќе има и трет дел во кодот – дека поседувате негативен ПЦР тест, објасни минисерто за здравство на шпанскиот регион Андалузија. 

Во пракса, ова ќе бидат три посебни документи, но патната исправа сепак ќе треба да се покаже на граничната контрола. Ковид пасошот беше на барање на медитеранските земји, од кои најгласна беше Грција, во обид да не се соочат со уште една ужасна туристичка сезона. Некои земји веќе почнаа да го издаваат овој пасош, а Шпанија веќе ги прими првите туристи.  Угостителите се задоволни од одлуката и веќе почнаа да го гледаат профитот.

Значително зголемување, пораст од 300 до 500%. Клиентите почнаа да доаѓаат, можеме да ги ослободиме работниците. Се наоѓаме во нагорна крива од продажбата и се надеваме дека ќе се подобри, но секогаш ги почитуваме правилата и внимаваме, вели еден сопственик на бар. 

Денешната регулатива ќе стапи на сила од 1 јули и ќе биде во функција 12 месеци. ќе биде задолжителен низ европскиот блок со вакцините кои се одобрени од ЕМА, а тоа се фајзер, Модерна, Астра Зенека и Јенсен. За вакцините на Синофарм, Синовак и Спутник нема одобрување, но секоја земја посебно ќе може да одлучи дали да ги прифати вакцинираните со овие вакцини кои ја немаат авторизацијата од европската агенција за лекови.

Алиса Шутиноска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Кос: Историски момент за обединување на Европа преку проширување, реформите се тешки, но неопходни

Дејан Дејан

Османи ги изнесе Адеми и Бектеши на кафе во Скопска Чаршија

Дејан Дејан

Кондратовиќ: ЕУ-проширување кон западен Балкан- моќна алатка против руските влијанија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе