Вести Свет

Се зголемува смртоносниот биланс од интервенцијата на иранските власти против демонстрантите во државата – најмалку 65 убиени и над 2 300 уапсени

Најмалку 65 луѓе се убиени а повеќе од 2300 уапсени во текот на двонеделните анти-владини протести кои се шират во Иран, според проценките на групите за човекови права.

Демонстрациите се проширија во најмалку 100 градови во 31-една провинција во Иран, како последица на растечко незадоволство во државата заради тешките економски услови.

Демонстрантите опишуваат огромен број луѓе на протестите и чувства на надеж, но и брутално насилство од поддржувачите на режимот.

Истовремено, се зголемуваат и сведоштвата за крвавиот епилог од синоќешната интервенција на силите лојални на врховниот ирански лидер, кога биле убиени неколку десетици луѓе. Се зборува и за купишта безживотни тела на убиените демонстранти во болниците.

Според сведоштвата, насилството против демонстрантите од режимските сили ескалирало по вчерашниот говор на врховниот ирански лидер, Ајатолахот Али Хамнеи, кој ги осуди учесниците на анти-владините протести дека работат во интерес на американскиот претседател Доналд Трамп.

Шефот на американската држава и се закани дека ќе го нападне Иран доколку безбедносните сили лојални на врховниот лидер одговор со насилство против демонстрантите а државниот секретар Марко Рубио изјави дека САД го поддржуваат народот во Иран.

Блокадата на пристапот до интернетот воведена од страна на властите исто така продолжува , но впечатокот е дека ниту тоа успеа да го намали интензитетот на протестите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе