Поранешниот народен правобранител е длабоко убеден дека институцијата Народен правобранител им смета на институциите на власта.
„Jaс сум длабоко убеден дека им смета. Не им треба критичари на институциите на власта. Институција која ќе ја алармира состојбата во одредени области за проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Носителите на јавните функции на извршната власт не беа спремни ни да ги слушаат критиките, а не и да се постапува посамостојно во користење на инстументи во остварување на препораките на народниот правобранител. И затоа оваа воздржаност е присутна да не се зајакне моќта на институцијата на Народниот правобранител, затоа што тој случај не можат да бидат имуни и рамнодушни во ставовите кои ќе ги изнесе народниот правобранител и проблемите кои ги актуелизира“, посочи Зибери.
Согласно резолуцијата на ОН, одржана во Париз точно е кажано националните институции за човекови права како се рангираат и кои услови треба да ги исполнуваат.
