Вести Свет

Русија, Кина, Иран и Јужна Африка одржуваат поморски воени вежби кај ‘ртот Добра надеж

Во територијалните води на Јужна Африка денеска почна воена вежба „Волја за мир 2026“, на која учествуваат кинески, руски и ирански бродови.

Воена вежба, која ќе трае до 16 јануари е во форматот „БРИКС плус“, во која ќе учествуваат и бродови на Индонезија и Етиопија. Кинески, руски и ирански бродови денеска се забележани како влегуваат излегуваат од главната јужноафриканска поморска база Сајмонс Тауну.

Армијата на Јужна Африка соопшти дека воената вежба е посветена на морската безбедност и операциите против пиратите и има за цел да ја „продлабочи соработката“.

Кинеското Министерство за одбрана соопшти дека вежбата ќе се фокусира на заедничка акција за заштита на безбедноста на клучните поморски патишта и економски активности, а ќе вклучува и вежба како што се антитерористичка операција и спасување заложници, како и поморска ударна вежба.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе