Вести Најважни Свет

САД го заробија и извлекоа Мадуро од Венецуела – бомбардирани повеќе локации во јужноамериканската држава

Соединетите американски држави успешно изведоа голем напад против Венецуела и лидерот на оваа држава, Николас Мадуро, кој заедно со неговата сопруга беа заробени и со летала извлечени надвор од државата, се пофали на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, американскиот претседател Доналд Трамп.

Исчезнувањето на Мадуро и неговата сопруга го потврди и потпретседателката на Венецуела, Делси Родригез во изјава за националната телевизија.

Во оваа брутална ситуација и по овој брутален напад, не знаеме каде се Претседателот Николас Мадуро и првата дама Силија Флорес. Бараме од владата на Претседателот Доналд Трамп итно да ни обезбеди докази дека Претседателот Мадуро и првата дама се живи“ – изјави Делси Родригез.

Во раните утрински часови, оваа јужно-американска држава беше мета на американски напади на повеќе локации, при што само во главниот град Каракас, се слушнале седум експлозии, додека нападнати биле и други цели – воената база Ла Карлота; пристаништето Ла Гваира, главниот излез на Венецуела до Карипското море и аеродромот Игуерота, источно од Каракас.

Властите во Венецуела прогласија вонредна состојба во државата, која според нив, била цел на сериозна воена агресија.

„Варваризмот на агресорот ги осквернави нашите свети земји и локации во Тиуна, во Каракас и државите Миранда, Арагва и Ла Гваира, каде со ракетите и проектилите истрелани од борбените хеликоптери од своите борбени хеликоптери гаѓаа урбани центри населени со цивили. За овој чин, ние веќе пресметуваме колку има ранети и мртви“ – изјави министерот за одбрана, Владимир Падрино.

Американското бомбардирање очигледно биле со цел да обезбедат заштита за клучната операција на американските специјалци од единицата делта форс, кои според досегашните информации успешно ги заробиле и евакуирале од државата, Претседателот Мадуро и неговата сопруга.

Жителите на Венецуела во шок од бомбардирањето кое ги оставило без сон и со многу страв за престојниот период – кој ќе владее сега со државата и како ќе продолжи да се развива ситуацијата.

„Како се чувствувам? Уплашен, како сите други. Граѓаните на Венецуела се разбудија исплашени, многу семејства не можеа да спијат. Јас бев на улица, се вратив од Маракај предмалку, има блокади, ситуацијата е лоша, многу лоша“ – рече Норис Прада, жител на Каракас.

„Тие кажуваат што е законот. Тие се полиција на светот. Полиција на убијци, тие се убијци. Тие не се нормални луѓе, тие се убијци“ – вели Алфонсо Валдез, жител на Каракас.

Додека се очекува прес-конференцијата на Трамп, од САД пристигна информацијата од сенаторот од Јута, Мајк Ли, кој на X напиша дека државниот секретар на САД, Марко Рубио, го информирал дека претседателот на Венецуела Николас Мадуро бил уапсен за да му се суди по кривичните обвинувања против него во Соединетите држави.

Николас Мадуро и уште 14 официјални претставници на Венецуела беа обвинети од американското министерство за правда за нарко-тероризам, корупција и трговија со дрога во март 2020-тата година, во текот на првиот претседателски мандат на Доналд Трамп.

Инаку сите анализи на американското федерално биро укажуваа дека смртоносните дроги во САД, во најголем дел доаѓаат преку Колумбија и пред се Мексико и нарко-картелот Синалоа.

Додека врз Венецуела постојано се зголемуваше притисокот, Мадуро го обвини Трамп дека тој е единствено заинтересиран за контрола на нафтата во јужно-американската држава, која според анализите на ОПЕК, ги има најголемите резерви на сирова нафта во светот, кои се проценуваат на 303 милијарди барели, речиси повеќе и од резервите кои Саудиска Арабија и САД ги имаат заедно.

Никола Илиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ССМ: Зголемувањето на старосната граница за пензионирање нe е е решение за покривање на дефицитот на Пензискиот фонд

Дејан Дејан

Крадци ноќеска испразниле банкомат во трговски центар во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Усвоени измени на Законот за финансиски лизинг

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе