Филип Андов Сокол, поранешен директор на затворот во Шутка, е осуден на казна затвор во траење од осум месеци за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, соопшти Основниот кривичен суд Скопје.
Според објавените пресуди, шесте затворски полицајци кои се обвинети во случајот се осудени на условни затворски казни.
Пресудата е неправосилна, а странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.
