Филмски грабеж на банка на Шпаркасе во германскиот град Гелзенкирхен. Крадците украле готовина, накит и злато во вредност од над 30 милиони евра од повеќе од 3000 сефови во банката, при што оштетени биле 2 700-тини клиенти.
Грабежот, кој според новинската агенција ДПА, е веројатно еден од најголемите во историјата на Германија бил откриен во раните утрински часови во текот на вчерашниот ден, кога бил активиран алармот по што реагирала полицијата.
Според полицијата, крадците ги искористиле „тивките божикни денови“ за да го извршат грабежот.
Истрагата утврдила дека крадците обезбедиле пристап до банката и побегнале преку паркинг гаражата.
Користеле голема дупчалка за да направат дупка во ѕидот на објектот, влегле, го извршиле грабежот и избегале со пленот.
Сведоци потврдија дека виделе неколку мажи како носат големи торби на скалите во гаражата во текот на ноќта меѓу саботата и неделата.
Засега никој не е уапсен за грабежот а полицијата нема ниту осомничени лица.
Ограбената банка не работеше ниту денеска, кога повеќе од 200 клиенти се појавиле и барале да бидат примени од одговорни лица.
За да спречат евентуални инциденти, повеќе десетици полицајци биле распоредени за да го одржуваат редот и мирот.
Банката Шпаркасе отворила и телефонска линија за контакт со оштетените клиенти.
Н.И
