Вести Свет Топ вести

Дали Курти ќе успее да си обезбеди апсолутно мнозинство во косовскиот парламент- опозицијата одбива да коалицира со него

Привремениот премиер на Косово, Курти ја освои победата на парламентарните избори со што земјата излезе од институционалниот ќорсокак, но пред него е голема задача да обезбеди соработка со опозицијата за потребното двотретинско мнозинство за несење на меѓународните договори, кои треба на земјата да и донесат финансиска поткрепа.

  • „Со нетрпение очекувам соработка со опозицијата во врска со некои меѓународни договори што се во исчекување, а за нив ни треба двотретинско мнозинство, вклучувајќи го и планот за раст на ЕУ, 880 милиони евра, од кои две третини се заеми, а една третина се грантови. Потоа уште 120 милиони евра од три договори со Светската банка“ – Албин Курти, вршител на должноста премиер на Косово.

Според пресметките Курти освои 56-57 пратенички места, а за  самостојно да формира влада потребни му се најмалку 61 пратеник во Собранието кое брои 120 члена. 20 пратенички места автоматски им се доделуваат на етничките Срби и на другите малцински партии.

Курти започнува да го троши третиот мандат како премиер на Косово, но опозицијата одбива да коалицира со него.

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, вели дека Косово е ослабено внатрешно и надворешно. Соочено е со стагнацијата во евроатлантските интеграции, енергетски и економски колапс.

Опозицијата со критики и за пристапот на Курти кон етнички чувствителниот север на земјата, каде живее српското малцинство. Курти, пак, ја обвинува опозицијата дека е одговорна за актуелниот политички застој, вели сега немаме време за губење.

  • „Откако резултатите ќе бидат потврдени од Централната изборна комисија, треба брзо да го конституираме Парламентот, а потоа веднаш да ја формираме новата влада. Немаме време за губење и треба да продолжиме напред што е можно побрзо заедно“ – Албин Курти, вршител на должноста премиер на Косово.

Самоопределување, освои речиси 50% од гласачките ливчиња, далеку пред опозициската Демократска партија на Косово со 21% и Демократската лига на Косово која падна на 14% освоени гласови.

Предвремените избори се одржаа откако партијата на Кутри не успеа да формира влада по изборите на 9 февруари. Пратениците, исто така, треба да изберат нов претседател во март, бидејќи во април и истекува мандатот на Вјоса Османи.

Билјана Ставрова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон пратениците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе