Зеленски очекува „конструктивна дискусија“ со Трамп, како за безбедносните гаранции, така и за економските прашања, но Путин е дециден – доколку Киев не е подготвен за мир, решението ќе гo постигнеме со специјална воена операција. Средбата Трамп-Зеленски е денеска на Флорида.
Украинскиот претседател Волојдмир Зеленски се надева на „конструктивна дискусија“ за безбедносните гаранции со американскиот претседател Доналд Трамп, кои се многу важни, за што тој има поддршка и од европските лидери. Покрај тоа тој потенцира дека важна тема е обновата на земјата односно отворање на економските прашања бидејќи вели има пари во руски средства но, тоа не е доволно. Од 20-те точки, 90 проценти се веќе подготвени, бидејќи одлуките се донесени. Украина ќе добие 100 милијарди долари.
- „Безбедносните гаранции мора да дојдат истовремено со прашањето за завршување на војната, бидејќи мора да бидеме сигурни дека Русија нема да продолжи со агресијата. Потребни се силни безбедносни гаранции. Ќе разговараме за ова – мислам и за временските рамки. Исто така, верувам дека ќе се посвети значително внимание на економијата, бидејќи моментално има пари во руски средства, но тоа не е доволно за обнова на Украина“, Володимир Зеленски, претседател на Украина.
Во истовреме рускиот претседател Путин, облечен во воена униформа додека ги примаше извештаите за новите освоени територии во Украина од своите врвни воени функционери, рече дека ако „властите во Киев не се подготвени да го решат прашањето мирно, тие ќе ги постигнат целите преку специјалната воена операција со воени средства“.
- „Сепак, денес, судејќи според вашите извештаи, судејќи според темпото што го набљудуваме по линијата на контакт, нашиот интерес за повлекување на украинските воени формации од териториите што ги окупираат во моментов е практично нула од различни причини. И ако властите во Киев не се подготвени да го завршат прашањето мирно, ние ќе ги постигнеме сите цели што ги имаме во специјалната воена операција со воени средства“ – Владимир Путин, претседател на Русија.
Лидери на Европската унија Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта го убедуваа Зеленски преку видео врска дека поддршката на Европската унија за Украина нема да се поколеба. Повторија дека заедничка цел е праведен и траен мир што го зачувува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина.
На терен сликата е сосема поинаква украински беспилотни летала во текот на ноќта го нападнале и оштетиле комплексот за преработка на нафта Сизран во рускиот Самарски регион, а руското Министерство за одбрана објави дека се извршени напади со беспилотни летала во регионите Белогород, Курск, Саратов, Волгоград и Ростов, а руската воздушна одбрана наводно соборила 25 беспилотни летала, од кои 12 биле над регионот Самара. Бројот на наутрализирани дронови според украинските извештаи е 30.
Билјана Ставрова
