Ако воопшто ги има, Филипче да ги објави документите од преговорите за работа или да каже од каде 500 илјади долари за инвестиции и златна виза во Дубаи?, се вели соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.
Според нив пред медиумите, Венко Филипче рекол дека тој не бил бизнис партнер на Зоран Заев во градбата на висококатница во Дубаи. Но со тоа, пак, потврди дека Заев сепак таму гради зграда висока 42 ката.
Денес СДСМ со соопштение информираше дека „Мицкоски има виза за Британија и гради зграда од 45 ката во Белизе“.
- Со денови читаме сензационалистички наслови од соопштенијата на ВМРО, како да станува збор за наслови од таблоид. Само во еден ден беа објавени повеќе од 40 текстови во нивните портали, а темата дополнително беше обработувана и на една телевизија: „Венко Филипче има златна виза“!, се вели во партиското соопштение од СДСМ.
Од СДСМ па велат дека зад ова стои дефокус од темата дека преку еден, т.н. новинар (кој самиот се нарекува „алфа анти-СДСМ“), биле координирани активности со Јован Деспотовски од СДСМ, со цел да се предизвика дестабилизација на партија.
