Вести Македонија Топ вести

Татјана Чакулев во Топ Тема: Не само за загадувањето, туку таква земја сме со несистематски пристап

Секоја зима, кошмар за десеттина градови во Македонија. Граѓаните се трујат од загадениот воздух, конкретни мерки од властите нема. Останува ли граѓанскиот сектор единствената совест? Зошто никој не ги слуша нивните препораки? Во Топ Тема вечерва дебата со: Татјана Чакулев – О2 Иницијатива, Марјан Калевски – Зелен Хуман Град и Ѓорѓи Танушев – Здрава котлина.

Граѓанскиот сектор е на ставот дека сите изминати години немаме со што да се пофалиме дека нешто се променило оваа година, дека нешто се поместило или се намалиле ПМ честичките… немаме таква историја.

  • Но, не само за загадувањето туку за се сме таква земја, несистематски пристап. Оваа власт е веќе една година и седум месеци, ветуваа велеа ништо не може преку ноќ да се промени, а тоа сме го слушале години наназад и сега повторно почнуваме од нула. Што значи дека државата нема стратегија на каде се движи, Најавија дека ќе градат когенеративни централи и на тој начин ќе го решат загадувањето, се спомнаа Скопје, Тетово, Битола. Имаше најави дека тоа ќе почне 2025 и за три години ќе биде готово, еве сме сега ние 2026 и ништо не е почнато, потоа гасификацијата до каде ќе се шири таа мрежа ќе ги опфати ли сите помеѓу 40 и 55.000 домаќинства коишто се во Скопје кои се греат на дрва, според пописот од 2021 и колку тоа ќе чини, анализа се уште не сме виделе, на крај доаѓаме до моментот дека секое домаќинство ќе треба да се приклучи на таа мрежа. Ако кажат ние се ќе завршиме од почеток до крај, за колку време ќе биде тоа за 5,10 или 15 години, истакна Татјана Чакулев – О2 Иницијатива.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Единаесет години жителите на Тетово чекаат општината да струши дивоградба

Tea Dimkovska

Трифун Костовски: Сивата еминенција и центри на моќ сакаат да ме уништат

Tea Dimkovska

Дали треба да се случи убиство? – Меланија од Куманово бара заштита од семејно насилство

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе