Вести Свет

Со кредитот за Украина, мнозинството во ЕУ покажа дека не се плаши од руските закани, тврди Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски на крајот на вчерашната посета на Полска изјави дека ЕУ со одобрувањето на помош во висина од 90 милијарди евра покажа дека има вистински лидери и оти Европа, со исклучок на неколку скептици, не се плаши од рускиот притисок.

Со таа одлука, Европа демонстрираше единство, и покрај фактот дека некои лидери се скептични. Мнозинството, и тоа доволно, покажа дека, и покрај притисокот од Русија и некои други актери, таа има свој карактер и свои лидери, истакна Зеленски во интервју за Полската новинска агенција (ПАП) и полскиот јавен сервис – телевизија ТВП и Полско радио.

Тој предупреди дека Русија смета на фактот дека Украина ќе биде финансиски слаба.

Одлуката на ЕУ за помош нè зајакна, а благодарение на тоа имаме дополнителни адути. Русија пресмета дека Киев ќе биде слаб, барем финансиски. И сето ова влијае на моралот на војниците кога не се сигурни дали утре ќе имаат беспилотни летала, дали ќе има проблеми со муниција, дали ќе имаат доволно од сè. Тоа влијае и на животите на цивилите, наведе Зеленски.

Тој се заблагодари на ЕУ и Полска за одлуката за помош за следните две години, која, според него, на одреден начин смета и на руски средства замрзнати во европските банки.

Ние се залагаме за репарации. Веруваме дека Русија мора да биде казнета за злото што го направи во нашата земја. (Полскиот премиер) Доналд Туск направи многу во овој поглед и ние сме му благодарни. Деведесет милијарди евра за две години се чекор напред. Ќе направиме сè за да ја завршиме војната и да ги инвестираме овие средства во обновата на нашата земја, истакна Зеленски.

Според него Русија се обидува да го уништи единството помеѓу Европа и Украина.

Русија копнее сојузот меѓу Полска и Украина да пропадне. Тоа е важен сојуз. Тоа е отпор кон наративот што Русија го шири во Европа за да го уништи нашето единство. Затоа изјавите на официјалните лица на Полска и Украина треба да доведат до изградба на тој сојуз. Во оваа војна, Украина не само што се заштитува себеси, туку и Европа, вклучително и Полска, посочи Зеленски.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе