Вести Свет Топ вести

Американската армија изврши напади врз Исламската држава во Сирија

Американската армија изврши „масовен напад“ врз цели поврзани со Исламска држава во Сирија, како одговор на смртоносниот напад врз американските сили.

На 13 декември во пустинска област во централната сириска покраина Хомс загинаа двајца американски војници и еден цивилен преведувач.

Целта на операцијата, според Вашингтон, е да се ослабат капацитетите на ИД за понатамошно дејствување и да се спречат напади врз американскиот персонал во Сирија. Во Сирија распоредени се околу 1.000 американски војници.

Американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет изјави дека операцијата „Хајкај страјк“ (Hawkeye Strike) е насочена кон елиминација на „борци, инфраструктура и локации со оружје“ на ИД. Тој посочи дека метите се избрани за да се погодат клучните ресурси на ИД, вклучително и оперативните капацитети и логистичка поддршка.

Ова не е почеток на војна – ова е декларација за одмазда. Денеска ги гоневме и убивме нашите непријатели. Многу од нив. И ќе продолжиме да го правиме тоа, наведе Хегсет на социјалните мрежи.

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалните мрежи објави дека Владата на Сирија целосно ги поддржува нападите и дека САД „се одмаздуваат многу жестоко“.

Централната команда на САД (УСЦЕНТКОМ), која ги надгледува американските сили на Блискиот Исток, ги потврди нападите, истакнувајќи оти во операцијата учествувале и борбени авиони на Кралските јордански воздухопловни сили.

Сирија ја повтори својата цврста решеност да се бори против ИД и да осигури дека „нема да има безбедни засолништа на сириска територија, се наведува во соопштението на сириското Министерство за надворешни работи.

Изминатите месеци Коалицијата предводена од САД против ИД изврши неколку воздушни напади и копнени операции во Сирија, насочени кон осомничени членови на терористичката организација. Во операциите беа вклучени и припадници на сириските безбедносни сили.

Сирија моментално ја водат поранешни бунтовници кои минатата година го соборија долгогодишниот лидер Башар ал Асад по 13-годишна граѓанска војна, а вклучува и членови на поранешниот огранок на Ал Каеда во Сирија, кои се отцепија од групата и влегоа во конфликт со ИД. Сирија соработува со Коалицијата предводена од САД против ИД, а минатиот месец сирискиот претседател Ахмед ал Шара ја посети Белата куќа и разговараше со Трамп за зајакнување на односите и регионалните прашања.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе