Системот „Безбеден град“ е неопходен во Скопје и во државата но стартот треба да се пролонгира за да се исправат недостатоците и да се доврши законската рамка, сметаат од КСОМ.
Претставниците на КСОМ при анализа на состојбата се консултирале со сообраќајни експерти од Софија а предлозите кои ќе ги достават до Собранието и МВР ги изработил професорот Јове Кекеновски.
Меѓу клучните се построга примена на системот во близина на училишта и зони со висока фреквенција на пешаци и маргини на грешка, односно праг на толеранција на пречекорување на брзината од 3 до 8 километри на час.
ОД КСОМ најавија дека кон средината на јануари ќе бараат средба со градоначалниците на Скопје, Куманово и Тетово.
Б.С.
