Вести Свет Топ вести

ЕУ договори заем од 90 милијарди евра за Украина, противењето на Белгија ги задржа надвор од досега замрзнатите руски средства

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за обезбедување заем за Украина во висина од 90 милијарди евра, откако претходно не успеаја обидите да се постигне консензус за искористување на замрзнатите руски средства.

По маратонскиот 18 часовен самит, кој заврши рано утрово во 3 часот, претседателката на ЕК Урсула фон дер Лајен и германскиот канцелар, Фридрих Мерц, како најголеми поборници на идејата за руските средства, не успеаја да го убедат белгискиот премиер Барт де Вивер, кој пред самиот крај доби значителна поддршка од италијанската премиерка Џорџа Мелони.

Де Вивер и Мелони успеаја да убедат доволно од останатите лидери дека планот „Б“, како што стана позната опцијата за подигнување заем за Украина, е попрактичен.

По цела ноќ натегања, лидерите на ЕУ се договорија за заем од 90 милијарди евра за Украина во наредните две години. Тоа во исто време ќе ги задоволи украинските воени и финансиски потреби. Оригиналниот план беше да се искористат руските средства кои се замрзнати во Европа како гаранција за заемот, но планот едноставно пропадна. Белгија имаше премногу забелешки. Секој пат кога лидерите ќе решеа една работа, создаваа друг проблем, го сумираше самитот Лорн Кук од Асошиејтед прес.

Иако Мерц и фон дер Лајен претрпеа политички пораз во ЕУ, сепак крајната цел беше постигната. Европа останува посветена на продолжување на поддршката за Украина, во момент кога земјата е под силен притисок, како дипломатски од САД, така и воен на фронтот од Русија.

Сите ние имаме иста цел, праведен и одржлив мир за Украина, тоа беше мотото во денешните дискусии. Значи, се собравме со јасна цел да ги решиме итните финансиски потреби на Украина за наредните две години. Многу сум задоволна што успеавме. Обезбедивме договор кој ќе ги реши финансиските потреби на Украина за следните две години, порача фон дер лајен по завршувањето на самитот.

Додека европските лидери го завршуваа самитот во Брисел, на другата страна од континентот, рускиот претседател го започнуваше своето традиционално маратонско медиумско обраќање.

Осврнувајќи се на обидите на ЕУ за искористување на замрзнатите руски средства, Путин уште еднаш го нарече тоа обид за кражба, и го обвини Киев дека не сака завршување на војната по дипломатски пат.

Сега тие, всушност, одбиваат да го завршат конфликтот по мирен пат. Како и да е, ние гледаме, чувствуваме и знаеме за одредени сигнали од режимот во Киев, дека се подготвени за некаков дијалог. Единствено што сакам да кажам, а тоа ние постојано го велиме, подготвени сме за решавање на конфликтот по мирен пат, врз основа на принципите кои ги поставив во јуни минатата година, порача путин.

Белгија, каде што се наоѓа финансиската куќа во која се замрзнати најголемиот дел од руските средства, бараше значителни гаранции да се согласи за нивно искористување.

Премиерот Барт Де Вивер побарал финансиски гаранции без крајно ограничување, што од останатите лидери беше протолкувано како безобразна уцена.

Од самиот зачеток на идејата Белгија цело време приговараше дека таа ќе биде приморана да ја сноси правната и финансиска одговорност во случај Русија да успее да си ги врати средствата, колку и тоа засега да изгледа неочекувано.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Цената на нафтата бележи нов скок поради нападите меѓу Иран и САД кои не запираат

Tea Dimkovska

Онлајн трансакциите достигнаа речиси 266 милиони евра во првиот квартал од 2026 година

Promo Telma

Кривична пријава за даночно затајување за производител на кабли

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе