Вести Македонија Најважни

Телма дознава: На Љупчо Пецов- Ѓаволот му е определен домашен притвор откако беше во бегство во истрагата „Синџир“

Од обвинителството за Телма потврдија дека на осомничениот бегалец Љупчо Пецов Ѓаволот му е определен притвор откако поднел медицински документи дека бил хоспитализиран поради здравствена состојба.

Одлуката, според сознанија на Телма е донесена вчера кога Пецов бил донесен во скопскиот кривичен суд. Одбраната барала домашен притвор поради како што навеле влошена здравствена состојба.

Обвинителството поради здравствени причини и други околности го прифатило предлогот, ни потврдија од обвинителството кое се уште го истражува Пецов за предметот за финансиски малверазации „Синџир“.

Се уште се работи на случајот и со неговиот адвокат Фехми Стафа кој беше приведен викендот поради наводно нудење поткуп за замена на мерката затворски со куќен притвор. Стафа е поранешен Државен правобранител. Тој доби мерка притвор.

Во одлуката за домашен притвор за Пецов е наведено дека тој ќе биде и под постојан 24-часовен полициски надзор за да се спречи негово оддалечување. Љупчо Пецов Ѓаволот беше во бегство од отварањето на истрагата „Синџир“, а судот во отсуство му определи мерка притвор. Иако со потерница, тој слободно се движеше низ Скопје, добиваше тендери со неговите фирми, а полицијата не успеа да го најде.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе