Вести Македонија Најважни

(видео)Коцевски поднесе неотповиклива оставка на функцијата- „постапка за мое разрешување е политичка одлука“

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, Љупчо Коцевски,  соопшти дека поднел неотповиклива оставка на својата функција, иако од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за неговото разрешување, што постојано беше наведувано како цел на  Премиерот Христијан Мицкоски е политичка одлука.

„Функцијата речиси две години ја работев чесно и заминувам со крената глава, но со разочараност“ – изјави Коцевски.

  • „Од почетокот тврдев дека евентуалната постапка за мое разрешување е политичка одлука. Затоа денеска поднесов неотопвиклива оставка од функцијата Јавен Обвинител на Република Северна Македонија, функцијата што во изминатите помалку од две години ја вршев чесно, достоинствено и од која заминувам со гордо крената глава, но и со разочараност. Поради очигледното не почитување на принципите врз кои почива -правната држава. Доказ за тоа е фактот што дури денес во 10 часот утрово, на само еден час пред закажаниот почеток ми беше доставена покана од Собранието. Да присуствувам на седницата во Собрание на која ќе се расправа за мое разрешување“, рече Коцевски.

Б.С.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Осомничен е 26-годишен маж за убиство на поранешната британска министерка Видикомб

Tea Dimkovska

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија на Турците потпишаа коалициски договор

Tea Dimkovska

Урсула фон дер Лајен ќе го донира пиштолот кој го доби од претседателот Ердоган на Самитот во Анкара

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе