Следната недела ќе биде утврдена крајната цена на струјата која ќе ја плаќаат граѓаните по нова година.
Она што сега се зане е дека ЕСМ му понудил на ЕВН ХОУМ за три евра поскапа струја за домаќинствата и малите потрошувачи, а од друга страна Регуалторна минмално ја намали цената за пренос и дистрибуција.
Сега ЕВН ХОУМ треба да ја пресмета крајната цена во која ќе бидат вклучени сите овие парамтери, а потоа регуалторот да ја провери пресметката.
Новата цена ќе важи од први јануари.
Инаку од декември нова повисока цена се утврди за парно греењето. Ваква Одлука се донесе за да може ЕСМ да направи инвестиции во мрежата.
