Вести Најважни Свет

Украина и САД на нова рунда мировни разговори

Во Украина продолжуваат нападите врз енергетската инфраструктура и цивилни објекти, додека САД ја интензивираат својата дипломатска мисија за мир. Над 450 дронови и 30 ракети беа истрелани од Русија само за една ноќ, оставајќи илјадници домаќинства без напојување со електрична енергија.

Белата куќа потврди дека американскиот специјален претставник Стив Виткоф сепак ќе се сретне со украинскиот претседател Зеленски и европски лидери во Берлин иако вчера беа на ставот дека нема да учествуваат на средба само заради средба како и дека очекуваат конкретен напредок во преговорите. На дневен ред е новата верзија на мировниот план, кој предвидува создавање на специјална економска зона во источниот Донбас – дел што Русија инсистира да го задржи.

Новинар: Можете ли да ни кажете како би функционирала оваа слободна економска зона во Донбас и земјата што Русите ја зедоа со сила?

 

Доналд Трамп претседател на САД: Па, не сакам да го правам тоа сега. Тоа е многу сложена ситуација, но би функционирала. И многу луѓе сакаат да видат како функционира. И ние, сè што сакам да направам е да ја спречам смртта на 25.000 луѓе месечно.

Украинскиот претседател Зеленски го критикува предложениот план и поставува прашање: „Кој ќе ја контролира безбедноста на зоната и како да се спречи понатамошна руска агресија?“ Кремљ веќе најави дека полицијата и Националната гарда ќе останат во Донбас и по евентуален мир.

Засега мирот останува далечен иако преговорите се интензивираат. Дали ќе се најде компромис за Донбас и безбедноста на Украина, останува да се види на претстојната рунда разговори во Берлин.

Александар Петрески

Извор: АП

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе