Вести Свет

Тајани: Италија go поддржува замрзнувањето на руските средства без временско ограничување

Италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани денеска изјави дека Италија го поддржува замрзнувањето на руските средства на неопределено време.

Италија е за стабилизирање на ситуацијата, па затоа ќе гласаме за замрзнување на руските средства. Подоцна, во Европскиот совет ќе се отвори политичка дебата за тоа како ќе се користат тие средства, рече тој, коментирајќи ја одлуката на Европската унија за замрзнување на руските средства.

Тајани прецизираше дека Италија има одредени резерви, не толку во врска со политичката одлука, колку во врска со правната рамка за користење на замрзнатите руски средства.

Земјите од Европската Унија со големо мнозинство се согласија да ги замрзнат руските државни средства на неодредено време во ЕУ, соопшти претходно данското претседателство на ЕУ, со што е надмината првата пречка за ставање на располагање на Украина на парите како заем за репарација.

До денес, сите 27 земји-членки мораа едногласно да се согласат на секои шест месеци да ги држат средствата замрзнати според санкциите на ЕУ како одговор на инвазијата на Русија врз Украина во 2022 година.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќемина паднаа на тестови за дрога, добија откази – француската влада ги тестираше вработените во министерствата и високите државни службеници

Sasko Dimovski

Судскиот процес против Мадуро закажан за 1 јуни во 2027 година во Њујорк

Sasko Dimovski

Скопските општини ќе формираат комисии за пријавување на штети од невремето

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе