Вести Свет Топ вести

Блокирана Игуменица- грчките земјоделци најавија блокада и на пристаништето во Солун

Десетици гневни земјоделци го запоседнаа пристаништето Игуминица на северозападот на Грција, како дел од продолжувањето на нивната анти-владина кампања која таргетира клучна инфраструктура низ земјата.

Полицијата беше распоредена за да спречи влез во пристаништето и да го попречи распоредот на пловидбата, како што се случи претходно на островот Лезбос и во Волос.

За денеска најавија блокада и на пристаништето во Солун. Паралелно продолжуваат со блокади со трактори на клучни раскрсници на националните патишта, предизвикувајќи застои за возачи и камиони.

Особено проблематично е на јужната лента кон Атина кај Солун, каде полицијата привремено ја затвори делницата и го пренасочи сообраќајот на алтернативен пат.

Тие исто така го насочуваат вниманието и кон граничните премини, со цел да го зголемат притисокот врз владата за исполнување на нивните барања.

Меѓу нив е и исплатата на милиони евра за заостанати субвенции, кои беа замрзнати по скандалот со агенцијата за фармерски фонд.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Жена приведена во Ресен при обид за кражба

Tea Dimkovska

Вајц: ЕУ не бара менување на идентитетите, потребни се доверба и дијалог меѓу Скопје и Софија

Tea Dimkovska

За реконструкција на Владата Димитриевски смета дека ЗНАМ ќе продолжи и сака да менаџира со ресорите во кои е поставен

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе