Вести Македонија Топ вести

Обвинение за таткото и двете ќерки кои спречиле службеници да одземат крави во Крива Паланка

Ќерката го гребела и го туркала полицаецот, таткото се заканувал со напад – судот одлучи да го продолжи притворот за дел од семејството Ѓорѓиевски, кое, според обвинението, со сила и закани се обидело да ја попречи работата на службените лица.

Според Обвинителството, на 2 декември, во местото викано „Самоков“ кај селото Луке, таткото и двете ќерки ја спречиле екипата од Агенцијата за храна и ветеринарство да го спроведе правосилното решение за одземање крупен добиток. Настанот, опишан како хаотичен и напнат, ескалирал кога семејството физички се вмешало во акцијата.

  • Таткото е обвинет и дека при настанот ја загрозил сигурноста на четири присутни лица, сериозно заканувајќи им се дека ќе нападне врз нивниот живот и тело, со намера да ги вознемири и заплаши. Затоа тој е обвинет и за кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 од Кривичниот законик. Една од двете ќерки е обвинета и за – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 од Кривичниот законик, бидејќи таа телесно повредила полициски службеник кој бил повикан да асистира при одземањето на говедата, така што го влечела и го гребела по лицето, соопшти ОЈО.

Во текот на собирањето докази, сите три членови од семејството беа задржани во притвор.

Со поднесувањето на обвинението и по анализа на околностите, јавниот обвинител предложи притворот да продолжи за таткото и една од ќерките, сметајќи дека постои опасност од повторување на делото или влијание врз постапката.

На 3-ти декември судот им определи мерка притвор од осум дена. Во меѓувреме, Агенцијата за храна и ветеринарство потврди дека акцијата за собирање на кравите продолжува секојдневно, со полициска асистенција, бидејќи според нив, состојбата на терен бара итно и континуирано постапување. Јулијана Ѓорѓиевска, една од ќерките, за Телма изјави дека немало никакво противење и дека, како што тврди, тие биле мета, а не кравите.

Жителите од околните села алармираат дека со години добитокот им ги уништува земјоделските посеви и тврдат дека често добивале закани од семејството по што побараа државата конечно да стави крај на хаосот.

Симона Петровска

Б.С.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон претнеиците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе