Вести Македонија Топ вести

Политичка одлука без аргумент- Обвинителот Коцевски за новиот владин обид за негово разрешување во Собранието

Забелешките на Владата се неосновани-  државниот обвинител Коцевски одговара дека одлуката да биде разрешен е политичка и дека не сторил тешка дисицплинска повреда како што бара законот за да биде разрешен . Потсетува дека тоа е став и на Советот на јавни обвинители кој во април годинава донесе негативно мислење за негово разрешување.

-Имајќи го во предвид Законот за јавно обвинителство кој има навистина строги услови за разрешување на државниот јавен обвинител. Ниеден од тие услови, од страна на Советот на јавни обвинители, видовте дека не е исполнет. И затоа Советот одлучи дека не е сторена тешка дисциплинска повреда од моја страна. Така да, постапката веќе не зависи од мене и повторно ќе нагласам дека ова е навистина само политичка одлука. Како Собранието ќе одлучи и зошто е политичка одлука, тоа може да се обратите само до политичарите, рече државниот обвинител Љупчо Коцевски.

Коцевски очекува Собранието  да го повика и сите аргументи ке ги каже пред пратениците кога ќе одлучуваат за барањето за негова смена. Вели: до сега работел независно и транспарентно, а со оглед на тоа што има недостаток на обвинители, вработени  и средства – успешно  гонат криминал.

Во однос на функционалноста на обвинителството имам донесено Упатство за приоритет на предметите за висока корупција и затоа сметам дека овие причини се неаргументирани и нема докази и факти дека јавното обвинителство било нефункционално. Ете, гледате и предметот за Кочани, првиот предмет заврши во временски период согласно закон, а Македонија и регионот со таков предмет не се соочила, изјави Коцевски. 

Мислењето на Советот е необрзувачко, па и со негативно- смената на Коцевски продолжува пред пратениците. Премиерот вели -тоа е мислење на советот, мислењето на владата е поинакво. Наследник на Коцевски ќе се бара со јавен повик, рече Мицкоски.

Вицепремиерот за добро владеење Фетаи пак  смета дека за слабите резултати во борбата со корупцијата наведени во извештајот на ЕК, одговорен е и државниот обвинител.

-Да, на одржаната владина седница, ние донесовме одлука за започнување на постапката за разрешување на јавниот обвинител заради добро познати причини. Значи, има добро образложение што е испратено како предлог до Собранието. Сега топката е кај Собранието и се надевам дека во одредените законски рокови, Собранието ќе постапи за негово разрешување, одговори Фетаи.

Лидерот на СДСМ вели дека не го познава Коцевски и не сака да му биде адвокат, но е против притисокот што власта го прави врз правосудството за да постави партиски судии и обивнители

-Граѓаните сакаат реформи и вистинско правосудство на кое може да му се верува. Ова не е тој механизам и тоа не се случува само сега со овој притисок на обвинителот, се случува цело време изминатите година и пол дена наназад – имаше притисоци, се назначуваа обвинители, судии, роднини, пријатели на блиски членови на владејачката гарнитура, изјави Филипче.

Претседателката на државата Сиљановска Давкова без да ја коментира постапката за смена на Коцевски смета дека државен обвинител треба да биде некој кој ќе биде заколнат борец за владеење на правото, некој кој ќе биде отпорен на партиски и на политички влијанија, некој кој што ќе биде круна на целиот обвинителски систем, бидејќи ако нема промени во обвинителскиот систем нема да има ниту успешни судски реформи.

Елена Ивановска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нетанјаху: Нема да дозволам Иран да се вооружи со нуклеарно оружје

Дејан Дејан

СДСМ поднесе 82 амандмани на законите за судска и јавнообвинителска служба по критиките на вработените за предложените решенијата

Дејан Дејан

Уште еден осомничен за злоупотреби во Фудбалската федерација на Македонија, доби притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе