Тајланд изврши воздушни напади врз воени цели долж спорната граница со Камбоџа, откако двете страни меѓусебно се обвинија за кршење на примирјето склучено во октомври со посредство на САД. Според тајландската армија, камбоџанските сили пукале први на тајландска територија, при што загинал еден тајландски војник, а осум биле ранети. Војската соопшти дека авијацијата била користена за „потиснување на нападите“, а дел од цивилното население е евакуирано.
„Камбоџа ја повикува меѓународната заедница остро да го осуди кршењето на Заедничката декларација за мировниот договор меѓу Камбоџа и Тајланд и повторените нелегални дејствија на Тајланд, барајќи Тајланд да биде целосно одговорен за овие флагрантни прекршувања. Камбоџа ја повикува Тајланд веднаш да ги прекине сите непријателства што го загрозуваат мирот и стабилноста во регионот“, изјави Мали Сочеата, портпарол на Министерството за одбрана на Камбоџа.
Камбоџа ги негираат обвинувањата и додаваат дека тајландската страна прва започнала со нападите. Камбоџанските власти наведоа дека во тајландскиот напад загинале четири цивили, а девет биле повредени. Тензиите меѓу двете земји повторно ескалираа и покрај примирјето, кое не успеа да ги реши долгогодишните спорови околу границата, што со децении остануваат извор на нестабилност во регионот.
Т.Д.
